Тема на муабет
Засега, во Македонија*:
Ќе ја продолжиш низата? *дел од податоците се преземени од „Пакомак“, „Ајде Македонија“ и „Лице в лице“ |
Што пропушти од нашиот втор е-информатор:
Издадена за првпат во 2013 година во САД, книгата „Дом без ѓубре“ на Беа Џонсон до денес е адаптирана и преведена на 14 јазици. Во неа, Беа го споделува личното искуство и почнувајќи од своите пет прости правила за нула отпад, дава насоки и проверени совети како да се отарасиме од непотребните и штетни производи по дома и како посвесно да пазариме независно колку се големи попустите! Од завиткување подароци, правење училишни тетратки и шминки и алтернативни решенија за пелени, па сè до патување и кампување без какво било ѓубре – нема што нема во бестселерот на Беа Џонсон. Во сечија животна приказна има(ло) ѓубре. Еве како почнува нејзината: „Не така одамна, нештата беа поинакви: живеев во куќа од речиси 280 квадратни метри, имав два автомобила, четири маси и дваесет и шест столчиња. Неделно фрлав по 280 килограми ѓубре. Денес, колку помалку имам, толку побогато се чувствувам. И не морам да излегувам за да го фрлам ѓубрето! Сè се промени пред неколку години. Големата куќа не изгоре, ниту пак јас станав будист.“ Одлично четиво за сите кои уште сега сакаат да фрлаат помалку ѓубре или да проверат колку „држи“ нивната сомничавост околу нула отпад! |
Што пропушти од нашиот прв е-информатор:
Откако во 2008 година почнале да живеат со „нула отпад“, Беа Џонсон и нејзиното семејство произведуваат едвај еден литар ѓубре годишно – ѓубре кое го собира во една обична тегла. Со својот блог и неверојатно продаваната книга „Дом без ѓубре“ (Zero Waste Home), која досега е преведена на 14 јазици, таа отпочна глобално движење и од ден на ден неуморно ги инспирира луѓето да му се спротивстават на непотребниот отпад и така да живеат (по)едноставно. Нејзиното начело гласи „речи не, редуцирај, реупотреби, рециклирај, компостирај, и тоа само по тој редослед“. Ги поткопува предрасудите, покажувајќи преку сопствениот пример дека живеењето без отпад не само што (може да бид)е живеење со стил, туку и носи значајни здравствени придобивки, како и заштеда во време и пари. За концептот „нула отпад“ зборувала во бројни телевизиски емисии, како и на универзитети, корпоративни и TEDx настани и конференции низ целиот свет, вклучувајќи ги Гугл, Епл, Европскиот парламент и ООН. По пет меѓународни турнеи, односно над 150 говори во повеќе од 20 земји на пет континенти, оваа Французинка која живее во Калифорнија, денес е вистинко гуру за многумина. Еве ја нејзината веб-страница: http://www.zerowastehome.com |