Здраво!
Некои од нас јадат плескавици од свинско, други само од наут, едни чекаат на пешачки, други во автоперални, едни трчаат по попусти, други на кеј, едни сакаат да падне забраната за пушење, други таа за купување алкохол навечер – како било, едно е сигурно: сите фрламе ѓубре. Погодуваш – (и) ова можеш да го смениш!
Што велиш за една тегла ѓубре годишно?
Што велиш за една тегла ѓубре годишно?
Не пропуштај!„Нула отпад им се чини недостижен на многумина главно затоа што прво, нашата цивилизација е толку навлечена на консумеризмот да не може да замисли да живее поинаку и второ, има голем стигматизам околу живеењето без отпад: луѓето најчесто мислат дека ќе ги чини повеќе и дека ќе им одземе повеќе време. Мојата
цел е да ги разнишам овие предрасуди и токму затоа доаѓам и во Македонија.“ (Беа Џонсон во интервју за „Нова Македонија“) Тема на муабетЛесно е да се седи дома пред телевизорот, да се јаде сенешто и само да се фрла во кантата, па да се остави ѓубрето на улица за да го собере ѓубреџијата. Но, каде навистина оди ѓубрето?
- Магна, поранешен собирач на депонијата „Жардим Грамачо“ во Рио де Жанеиро во документарецот „Депонија“ |
Пријави се |
Тим