Имаме проект
Обземени од можноста за живот без ѓубре во Македонија и желни за неа да слушнат што повеќе луѓе кај нас, заедно со „Самоник“ и „АРНО“ ја смисливме иницијативата „Како до една тегла ѓубре годишно?“. Ја замислуваме како процес на развивање свесност и самокритичност за сопственото однесување и улога во загадувањето на животната средина. За живеењето без ѓубре - или уште подобро, со една тегла ѓубре годишно - од прва рака ќе ни зборува Беа Џонсон, една од најгласните поборнички за ослободување од стегите на консумеризмот и за поедноставно живеење. Ниедна промена не е лесна, па затоа ќе истражуваме, испробуваме и споделуваме совети и идеи кои се применливи и кај нас. Предизвиците, маките и добрите денови ќе ги „запишуваме“ во дневник, а за полесно памтење на наученото, ќе организираме работилници за креативна употреба на отпадот и за компостирање.Така, се надеваме дека сите заедно ќе одиме многу поретко до контејнерите, дека ќе имаме една канта помалку дома и многу помалку ѓубре наоколу! |
Ти успеа компостот? Купи нешто необично на мерење? Имаме печатни грешки во текстовите? Имаш идеја и сакаш да соработуваме?
Пиши ни на odnuladonula@gmail.com